Голем гест на Манчестер Јунајтед: Се откажа од 130.000 фунти за позајмените играчи

Манчестер Јунајтед се откажа од надоместоците за позајмените играчи во три клуба и го спаси триото Хартс, Болтон и Бартон Албион заедно од 130.000 фунти. Клубот ги информирал дека нема да ги бара парите за тројца играчи, Џоел Переира во Хартс, Итан Хамилтон кој е на позајмица во Болтон и Киран О’Хара во Бартон Албион.

Во Манчестер Јунајтед сметале дека е нефер да се зголемува финансискиот притисок над клубовите кои веќе секако имаат огромни проблеми поради кризата со коронавирусот. Клубот решил да ја проголта и оваа загуба.

Манчестер Јунајтед минатата седмица објави огромни, милионски загуби за првиот квартал, особено за март кога беа откажани сите натпреварувања. Дополнително поголема ќе биде загубата во април, мај и во јуни.

Се вчитува...