Голем хендикеп за Манчестер Јунајтед: Без Касемиро на дербито со Арсенал

Арсенал може да биде задоволен со вчерашниот дуел Кристал Палас – Манчестер Јунајтед. Не само поради тоа што Палас му „откина“ два бода на Јунајтед, туку и поради Касемиро.

Бразилецот ќе го пропушти натпреварот со Арсенал на 22. јануари, поради тоа што вчера против Кристал Палас го доби петтиот жолт картон.

Запрашан после натпреварот за Каземиро, менаџерот на Јунајтед Тен Хаг одговори:

„Последниот пат кога го победивме Арсенал, го сторивме тоа без Касемиро. Сега ќе мораме да го повториме истото“, рече Тен ХАг.

Натпреварот се игра на 22. јануари.

Се вчитува...