Голем инцидент: Навивачи на Манчестер Сити го нападнале голманот на Астон Вила

Манчестер Сити го прослави новиот шампионски трофеј во Премиер-лигата, но славјето го одбележа голем инцидент откако неколку домашни навивачи го нападнале голманот на Астон Вила, Робин Олсен.

Инцидентот се случил веднаш по последниот свиреж на судијата, кога стотици фанови влетаа на теренот, а мал дел од нив влегле во конфликт со гостинскиот голман, кој се упатувал кон соблекувалната.

„Манчестер Сити сака искрено да му се извини на голманот на Астон Вила, Робин Олсен, кој беше нападнат по последниот свиреж, откако навивачите влетаа на теренот. Ние како клуб веднаш ќе покренеме истрага и штом ќе ги идентификуваме, неодговорните навивачи ќе бидат казнети со долга забрана за влез на стадионот“, објави Манчестер Сити на својот официјална веб-страница.

Се вчитува...