Александар Чеферин ја изненади фудбалската јавност со одлуката да се кандидира за нов мандат како претседател на УЕФА, две години откако категорично најави дека на истекот на овој мандат ќе се повлече од функцијата.
Словенецот е прв човек на УЕФА уште од 2016 година и моментно го одработува третиот мандат за кој до денеска се веруваше дека ќе биде и негов последен.
Токму затоа, големо било изненадување откако Чеферин на претседателите на националните федерации, на состанокот во Берлин им ставил до знаење дека го променил својот став и решил да оди по четврти мандат.
Тој претходно најави дека во 2027 година ќе се повлече, но со најновиот развој на настаните, Словенецот е голем фаворит на конгресот на УЕФА во Астана, да добие апсолутно мнозинство и да остане на функцијата најмалку до 2031 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
