Жестокиот конфликт помеѓу Кристијано Роналдо и португалскиот селектор Жорге Жесус, кој резултираше со скандалозно напуштање на националниот тим од страна на капитенот, доби нова и неочекувана епизода во која беше вовлечен и неговиот 16-годишен син, Кристијано Јуниор.
Откако постариот Роналдо јавно го обвини селекторот за „прекршување на довербата“ по инцидентот на мечот со Норвешка и порача дека нема да се врати сè додека Жесус е на клупата, медиумите почнаа да шпекулираат дека младиот фудбалер на Ал Наср би можел да го следи примерот на татко си. Со оглед на тоа што е роден во САД, а има право на настап и за Шпанија и Зелено’ртските Острови, постоеше сериозен страв дека Португалија ќе загуби еден од најголемите таленти.
Сепак, Кристијано Јуниор ги прекина шпекулациите и донесе дефинитивна одлука — тој му вети лојалност на португалскиот национален тим, каде веќе настапува за младинските категории. Извори блиски до младиот играч потврдуваат дека тој јасно ставил до знаење дека неговата репрезентативна иднина останува врзана за Португалија, без разлика на моменталниот конфликт помеѓу неговиот татко и селекторот на сениорскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
