Голем пресврт: Реал испрати понуда – Мбапе во јануари доаѓа на „Сантијаго Бернабеу“?!

Килијан Мбапе би можел веќе зимава да го облече дресот на Реал Мадрид откако „кралскиот клуб“ испратил нова понуда до ПСЖ во обид што поскоро да го комплетира трансферот на фудбалската суперѕвезда.

„Светците“  во текот на летото одбија три богати понуди од Шпанија, највисоката во висина од 180 милиони евра, но прашање е дали сега се подготвени да го сторат истото со оглед на фактот дека Мбапе има помалку од шест месеци од актуелниот договор, па би можел уште денеска да потпише преддоговор за летен трансфер. Токму поради овој факт, сега понудата на Реал е драстично намалена и изнесува „само“ 50 милиони евра.

„Сега се зависи од ПСЖ. Имам информација дека Реал Мадрид пред неколку дена испратил официјална понуда од 50 милиони евра за Мбапе. Би било срамота играч како Мбапе да си оди бесплатно од клубот следното лето. Не знам што размислуваат во Париз“, изјави италијанскиот фудбалски менаџер Џовани Бранкини за весникот „Газета дело  спорт“.

Доколку овој мегатрансфер се реализира, Мбапе еден од првите натпревари за Реал би го имал токму против ПСЖ, со оглед на фактот дека овие клубови ќе се сретнат во осминафиналето од Лигата на Шампионите.

Се вчитува...