Голем проблем: Борусија Дортмунд без „големата ѕвезда“ на дербито со Баерн

Борусија Дортмунд ќе биде сериозно ослабена за утрешното дерби со Баерн Минхен откако Џејдон Санчо отпадна од комбинација за настап на „Алијанц Арена“. Крилниот офанзивец го постигна победничкиот гол на куп-средбата со Борусија Менхенгладбах, но притоа заработи повреда и веднаш мораше да биде заменет.

Лекарскиот тим се обиде да го оспособи за настап во Минхен, но не успеа во својата намера, па Санчо воопшто не се најде на списокот на патници за големото дерби. Тренерот Терзиќ нема да може да смета ниту на левиот бек Гереиро, како и на американскиот тинејџер Реина, кој беше најавуван како стартер доколку Санчо не биде „фит“.

„Милионерите“ моментно се наоѓаат на петтото место на табелата со 39 бода, тринаесет помалку од лидерот Баерн Минхен и на „минус три“ од Ајнтрахт на четвртата позиција која значи пласман во ЛШ за наредната сезона.

Се вчитува...