Голем проблем за Астон Вила: Двајца стартери „во аут“ до крајот на сезонава

Борбата за опстанок на Астон Вила во вториот дел од премиерлигашката сезона дополнително се искомпликува по тешките повреди што првиот голман Том Хитон и најскапиот напаѓач Весли ги заработија на последниот дуел со Барнли. Астон Вила го доби овој натпревар, но скапо ги плати трите бода откако лекарските прегледи покажаа дека станува збор за кинење на лигаментите во коленото, како кај Хитон, така и кај Весли.

Во една таква ситуација, сега тимот од Бирмингем ќе тргне во офанзива по засилувања во јануарскиот преоден рок. Прва опција за нов голман е поранешниот англиски репрезентативец Џо Харт, кој е резерва во Барнли и би сакал да дојде во клуб каде ќе има можност повеќе време да минува на теренот. Кога станува збор за напаѓачите, веќе е испратена понуда за позајмица до крајот на сезонава на Мичу Батшуаи од Челси.

Aстон Вила моментно се наоѓа на 17. место на табелата со 21 освоен бод, само еден бод повеќе од Бурменаут, кој се наоѓа во зоната за испаѓање. Во следното коло оваа екипа на 12 јануари го пречекува шампионот Манчестер Сити.

Се вчитува...