Голем проблем за Барса – Гави го повреди коленото

Барселона и тренерот Чави се соочуваат со огромен проблем откако Гави заработи незгодна повреда во првото полувреме од вечерашниот натпревар меѓу Шпанија и Грузија.

Иако има само 19 години, младиот плејмејкер е незаменлив првотимец и во шпанскиот национален тим и во Барса, но вечерва тој настрада по еден старт на Локошвили во 21. минута. Откако му беше укажана лекарска помош Гави се обиде да продолжи, но две минути подоцна му стана јасно дека тоа нема да биде возможно, па со солзи во очите го напушти теренот.

Болката во коленото се чинеше сериозна, па каталонците сигурно ќе бидат во исчекување на резултатите од лекарските прегледи, по кои ќе биде познато колку долго Чави ќе мора да се снаоѓа без помошта на овој стандарден првотимец.

Се вчитува...