Голем проблем за Конте пред гостувањето на „Енфилд“

Антонио Конте се соочува со сериозен проблем пред утрешното гостување против Ливерпул откако стратегот на Тотенхем обелодени дека Серхио Регуилон е повреден и најверојатно нема да може да се врати на терените до крајот на сезонава. Шпанскиот лев бек беше меѓу најстандардните во таборот на „спарси“, но поради повреда е принуден да го пропушти клучнот дел од сезоната и битките за четвртото место кое значи билет за ЛШ.

Тој требаше да има одговорна задача да го неутрализира Мохамед Салах на утрешното дерби на „Енфилд“, но екс-фудбалерот на Реал Мадрид и Севилја дуелот ќе го следи од трибините.

„Регуилон дефинитивно нема да игра. Тој не тренираше со нас и како што стојат работите, не сум сигурен дека ќе може да игра до крајот на сезонава“, изјави Конте, кој не може да смета ниту на стартниот десен бек Мет Доерти.

Во отсуство на Регуилон се очекува стартер како лев бек да биде Сесењон, кој офанзивно е одличен, но дефинитивно ќе има тешка задача во дефанзивата да го запре Салах.

Се вчитува...