Голем проблем за Милан: Ибрахимовиќ се повреди на тренинг со Шведска

Шансите на Милан во борбата за највисок пласман во Калчо-лигата сериозно се намалија по информацијата за најновата повреда на Златан Ибрахимовиќ, овојпат заработена за време на тренингот на шведската репрезентација.

Ибракадабра токму за овој квалификациски циклус се врати и повторно почна со настапи за националниот тим, но тој издржа само 15 минути од денешниот тренинг, пред да се пожали на болка и да замине кон соблекувалната. Засега нема информации околу сериозноста на повредата, но шведските медиуми најавуваат дека тој најдоцна до утре ќе се врати во Милано, каде врз голгетерот ќе бидат извршени детални лекарски прегледи.

Милан моментно е второпласиран во Калчо-лигата со шест бода заостанување (и меч повеќе) во однос на лидерот Интер. „Росонерите“ викендов ги очекува домашен натпревар против Сампдорија, дуел што Ибрахимовиќ речиси сигурно ќе го пропушти по денешната повреда.

Се вчитува...