Голем проблем за Солскјер: Повредата на Рашфорд не е наивна, ќе паузира најмалку два месеци

Манчестер Јунајтед загуби на „Енфилд Роуд“ со 2-0 во дербито против Ливерпул, но тоа не е најголемата главоболка на менаџерот Оле Гунар Солскјер. Најновата информација која доаѓа од „Олд Трафорд“ е дека напаѓачот Маркус Рашфорд ќе паузира подолг период. Деталните медицински прегледи покажале дека повредата на грбот на Рашфорд воопшто не е наивна и дека рехабилитацијата ќе трае најмалку два месеци. Тоа значи дека првиот стрелец на „црвените ѓаволи“ нема да биде на располагање на Солскјер можеби и во клучниот дел од сезоната.

Манчестер Јунајтед во моментот се наоѓа на петтата позиција на табелата со 34 бода, пет помалку од Челси кој е во зоната која носи место во Лигата на шампионите.

Се вчитува...