Голем скандал на тренинг на Кристал Палас – Србинот Миливојевиќ нокаутиран од соиграч

Голем скандал го тресе англискиот премиер-лигаш Кристал Палас, откако на тренинг на клубот од Лондон, Мичи Башуаи го нокаутирал својот соиграч, Србинот Лука Миливојевиќ. Како што пренесуваат  медиумите во Англија, до конфликтот дошло во текот на вежба со која соиграчите постепено го засилувале интензитетот на додавања.

Миливојевиќ работел со Белгиецот, а во текот на вежбата бил незадоволен бидејќи Башуаи наводно премногу силно му додавал. Капитенот на клубот му возвратил на тоа при што дошло до физички напад по кој Миливојевиќ бил нокаутиран од својот соиграч.

Веднаш по конфликтот сите соиграчи притрчале до нив по што ги разделиле, а се уште не се знае колку Кристал Палас ќе ги казни двајцата фудбалери поради недисциплина.

Се вчитува...