Голем удар: Атлетико до април без Диего Коста

Диего Симеоне се соочува со нов проблем откако Диего Коста доби препорака да паузира подолго време за да се обиде да го реши проблемот што го мачи во последните месеци.

Поранешниот голгетер на Челси не е стандарден поради честите проблеми со повредите, а лекарите се уште не можат да утврдат за што точно станува збор. Последните прегледи покажаа дискус-хернија, а дека ситуацијата не е нималку наивна говори фактот дека лекарите препорачале тој да не се враќа на терените до месец април во 2020 година. Дополнително ќе биде одлучено дали ќе биде неопходен хируршки зафат, а доколку тоа е случај, тогаш Коста нема да може да настапува до крајот на сезонава.

Во една таква ситуација, јасно е зошто Диего Симеоне е во потрага по нов голгетер за јануарскиот преоден рок. Меѓу желбите на Аргентинецот се Марио Манџукиќ и Единсон Кавани, па останува да се види дали Атлетико ќе успее да доведе еден од овие двајца фудбалери своите редови.

Се вчитува...