Голем удар: Макаби без најдобриот играч на вториот меч со Панатинаикос

Макаби стигна до огромна победа на првиот четвртфинален дуел со Панатинаикос во Атина, но израелскиот гигант се соочува со огромен проблем пред продолжението на оваа серија.

Најдобриот кошаркар на Макаби, Вејд Болдвин, заработи незгодна повреда на мускулот на вчерашниот меч поради која не можеше да го доврши натпреварот, а деталните прегледи покажаа дека проблемот не е нималку наивен. Она што е сигурно е дека американскиот бек нема да може да настапи на следниот дуел во Атина, а не се големи шансите тој да се појави во тимот ниту на третиот меч од оваа серија, прв во Белград закажан за почетокот на следната седмица.

„Магнетната резонанца врз Вејд Болдвин пкажа дека кошаркарот има мало кинење во пределот на мускулот. Во оваа фаза од рехабилитацијата, тој сигурно нема да може да игра утре против Панатинаикос“, се вели во клупското соопшение на Макаби.

Болдвин до моментот на повредата имаше 15 поени и седум асистенции за Макаби на синоќешниот дуел во Атина. Американецот сезонава има одлични бројки од 17,9 поени и 4,9 асистенции по натпревар во Евролигата.

Се вчитува...