Голем удар: Србија без Никола Јокиќ на СП 2023

Србија ќе биде сериозно ослабеа за претстојното кошаркарско СП што ќе стартува следниот месец откако Никола Јокиќ го откажа своето учество на овој мундобаскет.

Американските медиуми уште пред еден месец објавија дека Јокиќ по пренапорната сезона со Денвер нема да може да биде во составот на Србија, по што следеше ироничен одговор од српскиот селектор Пешиќ, кој беше убеден дека МВП-кошаркарот на НБА-лигата сепак ќе му биде на располагање. Деновите минуваа, се уште немаше конечна одлука од страна на одличниот центар, за денеска да биде објавено дека тој дефинитивно им соопштил на селекторот и на челниците на федерацијата дека нема да учествува на светскиот шампионат.

Јокиќ планира летово да се одмори и да ги наполни батериите, а догодина да му помогне на националниот тим на ОИ во Париз, секако доколку Србија обезбеди пласман на ова натпреварување.

Никола Јокиќ последен пат беше дел од српската репрезентација минатото лето, кога Србија по импресивната прва фаза во четвртфиналето беше шокирана од Италија. Единствениот медал што го има освоено со Србија овој кошаркар е среброто од ОИ во Рио во 2016 година.

Се вчитува...