Голем удар за Арсенал – тешка повреда на Лено (видео)

Арсенал се соочи со огромен проблем при самото продолжение на премиерлигашката сезона по тешката повреда што на денешниот меч со Брајтон ја заработи Бернд Лено.

Германецот тргна да прибере една топка на работ од шеснаесетникот, домашниот напаѓач Мопеј непотребно влезе во контакт со него, по што Лено остана во агонија да лежи на тревата. Веднаш стана јасно дека ситуацијата е сериозна, а според првичните информации станува збор за повреда на лигаментите на коленото, по што германскиот голман го очекува повеќемесечна пауза од терените.

Лено беше бесен на Мопеј додека го изнесуваа на носилки од теренот, а на негово место на голот на Арсенал застана Мартинез.

Се вчитува...