Голем удар за Борусија: Санчо не игра против „својот“ Манчестер Сити

Борусија Дортмунд ќе биде сериозно ослабена за првиот четвртфинален меч од Лигата на Шампионите против Манчестер Сити откако тренерот Един Терзиќ потврди дека Џејдон Санчо нема да биде во можност да настапи на првиот дуел со „граѓаните“. Англискиот репрезентативец неодамна заработи незгодна повреда, првиот дел од рехабилитациската програма го мина во Дубаи, но пред неколку дена се врати назад во Германија и „милионерите“ се надеваа дека Санчо би можел да им помогне против Сити.

Сепак, Терзиќ обелодени дека крилниот офанзивец не се наоѓа блиску до камбек, па јасно е дека Санчо ќе ја пропушти пресметката со клубот од каде дојде во Борусија, откако ги мина сите младински категории на Манчестер Сити.

„Ситуацијата со Санчо сигурно нема да се промени за кратко време. Тој би можел да се врати најмалку за седум до десет дена“, истакна стратегот на „милионерите“.

Се вчитува...