Голем удар за Лацио – првиот голман го пропушта остатокот од сезоната

Лацио ќе биде сериозно ослабен за завршницата од сезоната во Серија А откако првиот голман на римскиот клуб, Томас Стракоша, заработи тешка повреда поради која го очекува повеќемесечна пауза. Сезоната во Италија се очекува да продолжи кон средината на месец јуни, а да заврши до крајот на јули, но повредата на албанскиот чувар на мрежата е многу сериозна, станува збор за скршеница на метатарсална коска во стопалото, поради што ќе следи пауза од најмалку три месеци.

Стракоша бранеше извонредно во текот на целата сезона, настапи на сите 26 натпревари на голот на „лацијалите“ и беше меѓу најзаслужните што римјаните се уште се во трка за скудетото.

На дванаесет кола до крајот Лацио има само еден бод заостанување зад лидерот Јувентус, но јасно е дека тренерот Инзаги ќе има тешка задача да го надомести отсуството на стандардниот чувар на мрежата.

Се вчитува...