Голем удар за Милан – две „ѕвезди“ се позитивни на коронавирус

Милан ќе има тешка задача да се задржи на врвот на табелата во Калчо-лигата откако беше обелоденето дека двајца нови фудбалери на „росонерите“ се позитивни на коронавирус. Станува збор за офанзивниот бек Тео Хернандез и за главниот плејмејкер на тимот, Хакан Чалханоглу, кои биле позитивни на тестирањето пред денешниот меч со Калјари.

„Сите останати фудбалери беа негативни, но Чалханоглу и Хернандез се позитивни и веднаш заминаа во самоизолација. Двајцата фудбалери не покажуваат никакви симптоми на болеста“, објави Милан на клупската веб-страница.

Тие ќе го пропуштат денешниот дуел со Калјари, но и големото дерби со Аталанта закажано за следното коло. Тренерот Пиоли поради коронавирус не може да смета ниту на Ребиќ и Крунис, а повреден се уште е Бенасер.

Се вчитува...