Тотенхем загуби значајни бодови на синоќешното дерби со Ливерпул, но уште поголем проблем за Жозе Мурињо претставува повредата на Хари Кејн. Капитенот на „спарси“ не можеше да го доврши мечот, а проблемот не е нималку наивен бидејќи според зборовите на Мурињо, станува збор за две различни повреди.
Според „специјалниот“, сега Кејн ќе мора да паузира најмалку две недели од фудбалските терени, огромен проблем за португалскиот стратег.
„Станува збор за две различни повреди, на двата скочни зглоба. Првиот пат беше старт од Тијаго, вториот не го видов најдобро, но лекарите ми рекоа дека втората повреда е посериозна од онаа првата. Не знам детали, но сигурно ќе следи пауза од најмалку 15 дена. Постојат играчи што не можете да ги замените, но сега ќе треба да се бориме, да покажеме дека овој тим поседува карактер“, истакна Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА