Во следниот период, Манчестер Јунајтед ќе продаде дури 11 играчи, откако тренерот Рубен Аморим подготвува голема чистка во соблекувалната на тимот од „Олд Трафорд“ со тоа што планира да им се заблагодари на еден цел тим.
Евертон успеа да ја прекине низата на Манчестер Јунајтед од пет меча без пораз, откако славеше на „Олд Трафорд“ и тоа со играч помалку, што беше уште едно разочарување за фановите на „Црвените ѓаволи“.
Според „САН“, Манчестер Јунајтед сака да го освежи тимот, и затоа од тиомт ќе си заминат многу играчи. Меѓу оние кои би можеле да бидат продадени, прв е капитенот Бруно Фернандеш. Коби Мејно речиси сигурно заминува, а исто така се очекува да си одат и Мануел Угарте, Маркуш Рашфорд, Расмус Хојлунд, Каземиро, Џејдон Санчо, Хари Мегваер, Алтај Бајиндир, Џошуа Зиркзе и Маласија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

