Голема глупост на Милитао – Реал ќе мора 80. минути против Леванте со играч помалку (ВИДЕО)

Големи проблеми за Зинедин Зидан на натпреварот против Леванте во 21. коло во шпанската Ла лига, откако Едер Милитао направи фаул за црвен картон уште во 9. минута од натпреварот.

Поради оваа глупост на бразилскиот интернационалец, „кралевите“ ќе мора дури 80 минути да играат со играч помалку. Македонскиот репрезентативец Енис Барди се наоѓа на клупата за резерви на Леванте.

Сепак, веднаш по глупоста Асенсио донесе водство за „кралевите“ во 15. минута и барем за момент ги намали главоболките на Зидан.

 

Се вчитува...