Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски и неговиот Рајо Валјекано загубија со 2-1 на гостувањето кај градскиот ривал Атлетико Мадрид во заостанатиот натпревар од 20. коло во Ла лига.
Домаќините стигнаа до водство од 1-0 со погодокот на Реинилдо во 35. минута. До крајот на првиот дел веќе беше 1-1 откако за гостите стрелаше Гарсија во 42. минута. Домаќините преку Депај постигнаа погодок за 2-1 во 81. минута, но по консултација со ВАР тој беше поништен поради офсајд. Сепак, холандскиот репрезентативец успеа да донесе победа за својот тим откако во 91. минута го матираше нашиот Димитриевски кој реагираше лошо по млакиот удар на Депај.
Atletico Madrid [2] – 1 Rayo Vallecano – Memphis Depay 90′
byu/OneOfThoseDays_ insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА