Голема победа на фудбалот: Белгија ги декласираше САД за четвртфинале на СП (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Белгија се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство откако доцна синоќа го декласираше домаќинот САД со 1-4.

И покрај тоа што беше укината суспензијата на Балогун не им помогна на Американците да стигнат до триумф на овој меч.

Белгија поведе со 0-1 со голот на Де Кетеларе во 9. минута. САД израмни на 1-1 преку Тилман во 31. минута. До крајот на првиот дел беше 1-2 со вториот погодок на Де Кетеларе во 33. минута. На 1-3 зголеми Ванакен во 57. минута, додека конечните 1-4 ги постави Ромелу Лукаку во 93. минута.

Во четвртфиналето Белгија за противник ќе ја има Шпанија.

USA 1 – [4] Belgium – Romelu Lukaku 90'+3'
byu/50lipaa insoccer

Се вчитува...