Голема размена се подготвува во НБА – Харден го напушта Бруклин?!

Џејмс Харден не е задоволен во Бруклин нетс иако со неговото доаѓање тимот од Њујорк требаше заедно со Кевин Дјурант и Кајри Ирвинг да се прошета до титулата во НБА лигата. Сепак, „популарната брада“ не е задоволна во Бруклин, а најголема причина за тоа е што многу му се попушта на Ирвинг кој поради тоа што не е вакциниран смее само да игра на гостинските натпревари на тимот.

Кевин Дјурант во моментов е подготвен, а без него Нетс изгледаат смешно и се во серија од седум порази во низа. Како главен фаворит за продолжување на кариерата на Харден се споменува Филаделфија 76 која во Бруклин би ја испратила „својата размазена ѕвезда“ Бен Симонс.

Бен Симонс годинава не настапи ниту на еден меч за својот тим, а последен пат играше во полуфиналето на истокот минатат година кога беше главен виновник за елиминацијата на својот тим.

Се вчитува...