Голема трагедија во семејството на поранешен фудбалер на Фиорентина – Почина неговиот осумгодишен син

Поранешниот италијански фудбалер Микеле Басис доживува тешка семејна трагедија. Откако прво неговиот вујко почина поради компликации од коронавирус, сега се соочува со уште поголема загуба, бидејќи животот го загуби и осумгодишниот син.

Синот на Басис си играл на балконот во семејната куќа, по што се лизнал и паднал. Итно бил пренесен во болница, но набрзо им подлегнал на повредите.

Басис целата кариера ја помина во родната земја. Тој настапуваше за Фиорентина кога тимот беше во Серија Б, а своевремено ги бранеше и боите на Џенова. Кариерата ја заврши во 2010 во нисколигашот Арецо, каде потоа стана и тренер во младинските категории.

Се вчитува...