Големата трагедија го мотивираше Н’Голо Канте да дојде до светската титула

Еден од најдобрите фудбалери за врска во светот без сомнение е Н’Голо Канте. Се тргна за него со сензационалната шампионска круна во Англија со Лестер, продолжи со трансферот во Челси со кого исто така стигна до титула а врвот е оваа година со освојувањето на светската шампионска титула со Франција на Мундијалот во Русија.

Вечно насмеа, голем работник, извонреден фудбалер но и повеќе од скромна личност која не сака многу експонирање ниту преку социјалните мрежи пред јавноста, ниту во самата екипа. Човек понизен пред сите, каков во модерниот фудбал и не постои.

По освојувањето на трофејот не сакаше ниту да се наметнува во желбата да се слика со пехарот, па Стивен Н’Зонзи мораше да му го донесе за и Канте да има спомен од тоа.

Но, малкумина знаат дека трагедиите се постојан пратител во неговиот живот. Ова лето една нова трагедија, како што самиот вели, го мотивираше за максимален ангажман во националниот дрес и игри какви што покажа со силна желба да дојде до титулата во Русија. Тој ова лето остана без својот брат Ниами, но за тоа знае само во француската селекција и селекторот Дидие Дешамп. Го криеше тоа од

„Носев голема болка во себе. Но, не сакав со тоа да ја оптоварувам јавноста. Плачев и играв“ – вели Н’Голо Канте.

Канте уште како момче, пак, остана и без својот татко кој млад починал.

Се вчитува...