Големи проблеми и за Данска пред стартот на шампионатот

Голем број од репрезентациите учеснички на Светското првенство во Египет се соочуваат со големи проблеми на стартот. Нова во низата селекции е бранителот на титулата Данска која пријави позитивен случај на коронавирус пред вечерашниот натпревар со Бахраин.

Последните тестови кои се направени пред денешниот натпревар покажале дека позитивен на коронавирус е Емил Јакобсен. Тој е во изолација, а со него во изолација замина и Мортен Олсен кој бил негов цимер во текот на престојот во Египет.

„Навистина сме тажни поради тоа што се случи со Јакобсен. Сепак, подготвени сме за ваква ситуација и согласно сите протоколи ќе постапуваме. Тој ќе направи тестови денеска и утре и доколку е негативен ќе може да се врати во тимот“, изјави спортскиот директор на репрезентацијата Мортен Хенриксен. 

Се вчитува...