Големи проблеми пред СП – Еден стадион уште се гради и е опасен по живот

Еден од 12-те стадиони на кои треба да се играат натпреварите на Светското првенство во Русија се уште не е готов со изградба, алармираат дел од медиумите наспроти ветувањата на Владимир Путин дека нема временско заостанување во финиширањето на арените. Станува збор за арената „Космос“ во Самара, стадионот на кој српската репрезентација треба да го одигра својот прв меч против Костарика од групната фаза.

Голем дел од работите не се завршени, како надворешниот дел од стадионот. Ниту конструкцијата за покрив не е монтирана, се уште не се поставени седишта, се појавија бројни проблеми на подовите.

Сигурносните проблеми се големи, а српските медиуми тврдат дека стадионот на кој нивната репрезентација ќе игра е опасен по живот. Организаторите маки мачат со роковите околу изградбата бидејќи стадионот треба да биде отворен најдоцна во април за да може да се обават сите тестирања пред Мундијалот кој започнува во јуни месец.

 

Се вчитува...