Египетската репрезентација се соочи со нов проблем пред почетокот на нокаут фазата на Светското првенство, бидејќи капитенот Мохамед Салах се повреди на ремито против Иран (1-1) во последното коло од групната фаза.
Најдобриот фудбалер на Египет мораше да го напушти теренот во 57. минута поради проблем со тетивата, а дополнителните лекарски прегледи потврдија дека станува збор за истегнување.
Како што објави Фудбалската асоцијација на Египет, Салах веќе го започна процесот на закрепнување. Засега не е познато дали искусниот напаѓач ќе биде подготвен за осминафиналниот натпревар против Австралија, кој е закажан за 3 јули во 20 часот во Арлингтон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
