Големи проблеми за Гвардиола пред дербито со Јунајтед

Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин де Брајне е неизвесен за градското дерби против Манчестер Јунајтед поради повреда на грбот, истакна тренерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола. Белгискиот играч од средниот ред го пропушти мечот од осминафиналето во ФА купот против Шефилд Вендсдеј кој Сити го доби со минимални 0-1.

„Не е подготвен. Го повреди грбот во финалето против Астон Вила. Во еден од последните напади незгодно падна. Не знам колку време ќе биде отсутен, но се надеваме дека тоа нема дa биде долго. Не сум сигурен дали ќе биде подготвен за Јунајтед“, изјави Гвардиола. 

Шампионот на Англија му гостува на Манчестер Јунајтед во 29. коло од Премиер-лигата, а натпреварот е закажан за во недела во 17:30 часот.

Се вчитува...