Големи проблеми за Тухел – Крај на сезоната за Бен Чилвел?

Англискиот фудбалски репрезентативец и член на Челси, Бен Чилвел најверојатно ќе мора да го пропушти преостанатиот дел од сезоната поради тешка повреда која ја заработи на вчерашниот меч против Јувентуст во Лигата на шампионите.

Бен Чилвел вчера беше заменет во 71. минута во мечот, а дополнителните прегледи покажале дека се работи за кинење на предните вкрстени лигаменти, пренесуваат англиските медиуми.

Се уште нема потврда од лондонскиот гигант, но доколку оваа информација е точна, Чилвел го чека долга пауза од терените.

 

Се вчитува...