Големи проблеми за враќање на Премиер-лигата – Тројца фудбалери на Брајтон позитивни на Covid-19

Германската Бундеслига ќе биде првата која ќе се врати по паузата поради пандемијата од коронавирусот. На тренинзи се вратија и Италијанците и Шпанците, додека Французите го прекинаа шампионатот.

Што се однесува до Англичаните јасно е дека сакаат сезоната да заврши на терен, бидејќи финансиските загуби ќе бидат многу големи. Сепак, настана нов проблем бидејќи три фудбалери на Брајтон се позитивни на тестовите за коронавирус.

„Тоа е голем проблем. За жал и покрај мерките ние имаме тројца заразени фудбалери во периодот во кој немавме никакви тренинзи“, изјави претседателот на управниот одбор на клубот, Пол Барбер. 

Ова значи дека Премиер-лигата е далеку од своето враќање бидејќи ќе биде многу тешко со овие проблеми таа продолжи во блиска иднина.

Се вчитува...