Големи промени го очекуваат Ливерпул од јуни: Двајца клучни фудбалери со сигурност заминуваат!

По лошите настапи сезонава огромно е незадоволството меѓу навивачите на Ливерпул. Тимот ги заврши настапите во Лига купот и во ФА Купот во Англија, па надежите сега остануваат за Лигата на шампионите, и покрај тоа што со ваква игра и тешко нешто позитивно може да се очекува од двомечот во осминафиналето против Реал Мадрид.

Англиските медиуми потенцираат дека Јирген Клоп има сериозна поддршка од клубот поради се што направи претходните сезони, но најавуваат промени во играчкиот кадар во летниот период. Медиумите се убедени дека двајца првотимци со сигурност го напуштаат клубот.

Мохамед Салах и Жоел Матип од јуни нема повеќе да бидат играчи на Ливерпул, а се спомнува и заминување на Роберт Фирмино.

Факт е дека и многу повреди влијаеја на формата на „црвените“, но од лето јасно е дека ќе се гледа некој нов Ливерпул. Нуњез, Диаз, Жота… треба да бидат носители, заедно со замената на Салах, кој се уште нема конкретни понуди но се чини дека неговото време на „Енфилд“ е завршено. Матип заминува и остава простор за нов дефанзивец.

Јасно е дека ќе има сериозни промени, но јасно е и дека Јирген Клоп сигурно останува на клупата на тимот, иако многумина мислат дека неговото време со Ливерпул е поминато а неговата игра веќе е прочитана.

Се вчитува...