Големината на човекот е во неговата хуманост: Тухел и купил куќа на чистачка и го платил лекувањето на синот!

Јавноста остана без зборови, откако на Твитер се појави една хумана сторија за Томас Тухел, кој помогнал на една жена од Филипините.

Францускиот „РМЦ“ открива дека Германецот по доаѓањето во ПСЖ во 2018 година вработил една чистачка од Филипини за да му ја чисти куќата. По некое време тој и неговата сопруга станале пријатели со жената, која работела за да заработи пари за операција на нејзиниот син.

Тухел решил да ја финансира операцијата и да помогне во лекувањето на нејзиното дете, а потоа пред заминувањето од Париз решил да ја изненади и со куќа.

Се вчитува...