Големиот Боби: Фирмино со специјални подароци за луѓето во Ливерпул

Бразилскиот фудбалер Роберто Боби Фирмино го напушта Ливерпул по девет незаборавни години. Договорот на 31-годишниот голгетер истекува на крајот од сезоната. По тој повод Фирмино подготви специјални подароци за соиграчите, пријателите, роднините и луѓето од клубот.

Во чест на заминувањето на Фирмино, направени се 200 специјални кутии за подароци. Внатре во секоја кутија има негов дрес со автограм и парфем.

Фирмино дојде во Ливерпул во 2015 година од Хофенхајм за 23 милиони фунти. Тој освои осум трофеи, вклучувајќи ги и титулите во Премиер-лигата (2020) и Лигата на шампионите (2019), а играше во финалето на Лигата на шампионите уште двапати (2018, 2022).

Одигра 361 натпревар и постигна 110 голови, од кои 81 во Премиер-лигата.

Се вчитува...