Големиот бразилски талент, Ендрик од денеска и официјално е нов фудбалер на Реал Мадрид откако наполни 18 години. Со докажаниот талент и репрезентативец „кралскиот клуб“ ја договори соработката пред 584 денови, но мораше да чека тој да стане полнолетен.
Реал Мадрид за неговиот трансфер од редовите на Палмеирас одвои 47.5 милиони евра, а оваа сума може да се искачи до 60 милиони евра со реализирање на бонуси. Трансферот беше договорен на 15. декември 2022 година, а се очекува тој да остане дел од бразилскиот клуб до крајот на сезоната 2026/27.
Мадридскиот клуб имаше конкуренција за неговиот потпис во великанот ПСЖ кој понуди и 80 милиони евра за негов ангажман, но на крајот пресуди желбата на Бразилецот да игра за Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА