Големиот Игор Карачиќ: Ако дојде до хаос, ќе ги браниме Србите

Сите спортски дуели на репрезентациите на Хрватска и Србија изобилуваат со дополнителен жар и тензија, а истото сигурно ќе биде случај и в петок, на отворањето од ракометниот европски шампионат. Оваа пресметка ќе биде дуел и на членовите на Вардар, Циндриќ, Карачиќ и Чупиќ од едната и Мијајло Марсениќ од другата страна, а токму Игор Карачиќ се најде во фокусот на јавноста истакнувајќи дека е подготвен да застане во одбрана на српските ракометари доколку случајно дојде до некој посериозен инцидент.

Ако Србите се соочат со опасност, ќе застанеме пред нив за да ги одбраниме. Сите ние сме спортисти, делиме леб во своите клубови и сме добри пријатели. Би им помогнале на нашите пријатели, доколку не дај Боже дојде до нешто несакано. Сепак, не верувам дека такво нешто би се случило овде во Хрватска“ – истакнува Игор Карачиќ.

Се вчитува...