Големиот талент на Барселона останува во каталонските редови до 2027 година

Младиот шпански фудбалер Пау Кубарси го продолжи договорот со Барселона до 2027 година на големо задоволство на навивачите на славниот шпански клуб. Новиот договор носи и веќе популарна откупна клаузула од 500 милиони евра.

Седумнаесетгодишникот кој потекнува од младинската школа на Барселона по дебито за сениорскиот тим блесна на теренот покажувајќи голема зрелост за годините. Тоа му донесе и место во шпанската репрезентација и покрај тоа што одигра само десетина натпревари во професионалниот фудбал.

Се вчитува...