Големите европски клубови ќе загубат околу 4 милијарди евра дури и ако сезоните бидат комплетирани

Клубовите од најголемите европски фудбалски лиги се во опасност да загубат околу четири милијарди евра дури и ако сезоната продолжи. Проценките за загубата се околу седум милијарди евра ако шампионатите не бидат комплетирани. Ова информација доаѓа од состанокот на претставниците на клубовите одржан пред неколку дена. Сумите се однесуваат на проценка за загубите за актуелнава и за следната сезона која исто така може да биде проблематична поради најавите дека нема да може да има навивачи на трибините најмалку до нова година или дури и во текот на целото првенство 2020/21.

Токму поради овие бројки е и големото инсистирање на УЕФА да бидат продолжени натпреварувањата во националните лиги, но и да бидат комплетирани европските натреварувања, а потоа и релативно навреме да биде почната новата сезона. Значајна улога во спречување на финансиските загуби на фудбалот би биле и репрезентативните натпревари. Поради спортски, финансиски и политички причини, УЕФА ќе инсистира на враќање и на репрезентативниот фудбал и откажувањето е последна опција. Планот на УЕФА за оваа цел е квалификациски прозорци во октомври и во ноември со по три натпревари.

Покрај големите логистички предизвици кои ги носи организацијата на меѓународните натпревари проблем за УЕФА ќе биде и медицинскиот протокол. Тој е особено компликуван, а ќе треба да го почитуваат сите репрезентации и клубови вклучени во континенталните натпреварувања.

 

 

 

 

Се вчитува...