Големо изненадување на стартот на УС Опен: Бердих загуби од 394-от тенисер во светот

Американецот Џенсон Бруксби, 18-годишниот тенисер кој е на 394. место на АТП ранг листата, го приреди најголемото изненадување на стартот на УС Опен.

Бруксби со 6-1,2-6,6-4,6-4 славеше против поранешниот четврти светски тенисер, Чехот Томаш Бердих.

Српскиот тенисер Душан Лајовиќ без поголеми проблеми беше подобар од ветеранот Стив Дарчис со 7-5,6-3,6-3, додека Типсаревиќ загуби од Денис Кудл во четири сета.

Кеи Нишикори на терен мина помалку од предвиденото со оглед на тоа дека Марко Транџелити му го предаде мечот при водство на Јапонецот од 6-1, 4-1.

Пласман во следната рунда оствари и Русинот Данил Медведев кој со 6-4,6-1,6-2 славеше против Индиецот Гунесваран.

Се вчитува...