„Големо око“ – шпионски методи на Премиер-лигата

Премиер-лигата ќе ангажира специјални лица кои ќе бидат присутни на тренинзите на сите 20 клубови и ќе контролираат дали се почитува строгиот протокол. Пред се, Лигата сака да има контролна на тоа дали клубовите ги почитуваат пропишаните термни за времетраењето на тренинзите. За да нема некој од клубовите неправедна предност, сите тренинзи треба да траат еднакво.

Дополнително, овие лица ќе контролираат колкава брјка на луѓе е присутна на тренинзите. Дозолениот број е 40 лица и тоа сите тестирани. За непочитување на овие правила Премиер-лигата ќе одредува строги казни.

Од денеска, клубвите во Англија се на групни тренинзи, но со почитување на строг медицински протокол. Ова е првата фаза од „Проектор Рестарт“ кој треба да кулминира со продлжување на сезоната на 12. или евентуално на 19. јуни.

Се вчитува...