Големо засилување за Барса во Евролигата

Барселона излезе како победник од трката по Чарлс Синглтон, откако каталонскиот гигант денеска објави дека потпишал едногодишен договор со довчерашниот играч на Панатинаикос.

Американецот играше импресивно пред две сезони за Локомотив Кубан, лани продолжи во ист стил во дресот на ПАО, па неслучајно летово доби понуди од неколку евролигашки екипи. Желбата на тренерот Пешиќ на крајот беше исполнета, па Синглтон сигурно ќе биде едно од најголемите засилувања на Баселона во овој летен период.

Се вчитува...