Големото срце на Линекер – Гери во својот дом прими бегалец

Поранешниот англиски фудбалер Гери Линекер ја воодушеви јавноста откако во својот дом примил бегалец. Во склоп на акцијата „Бегалци во домот“ со која Линекер соработува, донел одлука во својот живот на некое време да прими бегалец. Тој на една млада личност ќе и помогне така што ќе се грижи за него.

„Последните години имав многу врски со бегалците. Запознав десетина млади бегалци и можам да кажам дека тие навистина се прекрасни деца кои ја ценат секоја помош која може да ја добијат“, изјави Линекер. 

Организацијата „Бегалци во домот“ е задолжена за поврзување меѓу мигранти и луѓе кои се подготвени да ги дочекаат во својот дом, како што тоа го направи поранешниот фудбалер на Барселона, Тотенхем, Лестер и Евертон.

Се вчитува...