Големото срце на Мурињо: Жозе делеше храна и лекови на беспомошните во Англија

Жозе Мурињо уште еднаш го оправда епитетот „специјален“ што самиот си го даде кога првпат пристигна во Англија. Овојпат станува збор за хуман гест, откако Португалецот реши да се вклучи во акцијата за помош на најпогодените лица во борбата со коронавирусот.

Тој се пријави да помага во лондонскиот кварт Енфилд, минувајќи неколку часа во разнесување на лекови и храна за возрасните и беспомошните лица во овој дел од британската метропола. Медиумите не знаеја за ваквиот гест на Португалецот, за кој се дозна откако лицата кои работеа со него почнаа да објавуваат селфи-фотографии со трофејниот тренер.

Во Велика Британија до денеска 335 лица починаа од коронавирусот, а 6.650 се заразени.

Се вчитува...