Големото срце на Супер Марио: Се откажа од месечните примања, ќе завршат во хуманитарни цели

Хрватскиот интернационалец во редовите на Милан, Марио Манџукиќ не сака да прима плата за тоа што не го сработил. Имено, напаѓачот кој ги засили редовите на „росонерите“ во зимскиот трансфер рок, одигра само четири дуели за „црвено-црните“, по што поради повреда мораше да ги гледа своите соиграчи од трибините, па се одлучи да се откаже од примањата за месец март.

Ваквиот потег го воодушеви раководството на италијанскиот состав, кои сепак ветија дека платата од 300 илјади евра на Хрватот ќе биде донирана во клупскиот хуманитарен фонд.

„Тоа е неверојатен гест кој доволно говори за неговиот карактер, професионализан и самиот почит кон клубот“, изјави претседателот на Милан, Паоло Скарони.

 

Се вчитува...