Голгетер на Франција го пропушта дуелот со Шведска

Францускиот селектор Дидие Дешамп нема да може да смета на услугите на Маркус Турам за дуелот од 1/16 финалето против Шведска откако голгетерот на Интер заработил повреда на мускулот на еден од последните тренинзи на „триколорите“.

Нападот на Франција од почетокот на овој мундијал го сочинуваат Дембеле и Мбапе помогнати од Дезире Дуе или од Баркола, Турам досега влезе во игра само на вториот меч со Ирак, но се очекуваше тој да биде адут на Дешамп во второто полувреме од нокаут  фазата.

Сепак, искусниот голгетер се повредил и дефинитивно нема да може да настапи против Шведска, а неизвесно е дали ќе може да се врати до крајот на овој шампионат.

„Tурам нема да може да игра против Шведска. Има болка во мускулот и ќе мора да мирува“, потврди селекторот Дешамп.

Се вчитува...