„Голман без рок на траење“ – Буфон е подготвен да потпише за нов клуб во Италија, сака да игра на Мундијалот во 2022-та!

Џанлуиџи Буфон по вторпат ќе го напушти Јувентус. „Супермен“ сака да продолжи да брани и да добие покана за СП 2022 година. Буфон е жив симбол на „Старата дама“. Тој остана во торинскиот клуб кога беше на врвот на славата по освојувањето на Светското првенство. Можеше да избере каде да оди, но остана во Јувентус, кој испадна во Серија Б.

За потсетување, Буфон прво го напушти Јуве пред три години кога замина во ПСЖ, но се врати по само една сезона. Тој е подготвен ова да го стори и сега, а според италијанските медиуми овој пат Џиџи ќе остане во Италија.

Имено, гласините зборуваат за веќе договорена соработка меѓу Буфон и Аталанта, најубавата фудбалска приказна во Европа, тим кој со скромен буџет и плати им пркоси на многу побогати и ги собира симпатиите на фудбалските фанови.

Иако има 43 години, Буфон на неколку натпревари оваа сезона покажа дека и понатаму е врвен голман, а целта му е да игра на Светското првенство во Катар во 2022 година, што би било шесто Светско првенство во неговата кариера.

 

 

Се вчитува...