Голманот Левандовски, „шоферот“ Флик… најсмешното видео на Баерн Минхен

Годинава што изминува останува со златни букви испишана во историјата на Баерн Минхен, откако баварскиот гигант не само што ја продолжи доминацијата во германскиот фудбал, туку и се искачи на тронот во Лигата на Шампионите.

Баерн Минхен денеска објави видео-компилација од најсмешните моменти поврзани со членовите на овој клуб во изминатите 12 месеци. Меѓу нив може да се види Роберт Левандовски како брани, Ханси Флик во улога на „шофер“,како и дел од тренинзите во времето на коронавирус, кога сите фудбалери работеа индивидуално од своите домови.

Видео што дефинитивно треба да се погледне…

Се вчитува...